Со пет нови поени, тој забележа напредок од 18 позиции и се качи на 457., највисоко досега во сениорската кариера.
Сите останати рангирани тенисери од Македонија, се под 1.100. позиција, забележаа пад. Бодови освои Обрад Марковски, но во рангирањето за двојки, со што се качи 13 позиции и се наоѓа на 933.
Во женска конкуренција, благ напредок забележа и Лина Ѓорческа, која сега го држи 213. место на светот.
На врвот на АТП листата е Новак Ѓоковиќ, во топ десет се и Алкараз, Циципас, Медведев, Руд, Рубљов, Оже-Алиасим, Руне, Синер и Фриц.
НА ВТА листата прва е Швонтек, по неа следуваат Сабаленка, Пегула, Јабер, Гарсија, Гоф, Рибакина, Касаткина, Сакари и Квитова.