Таа поднесе оставка до претседателот на земјата, Алар Карис, откако беше номинирана за висок претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, пишува естонскиот портал ЕРП.
Се вели дека кон крајот на летото Калас ќе поднесе оставка и од функцијата претседател на Реформската партија.
Калас е премиер на Естонија од 2021 година и предводеше три последователни влади. Порталот наведува дека се водат преговори меѓу Реформската партија, СДЕ, Еести 200 за продолжување на сегашната владејачка коалиција, овие преговори во име на реформистите ги води Кристен Михал, која е номинирана за претседател на Реформската партија.
Претседателот Карис, според процедурата, ќе разговара со партиите, а потоа ќе додели мандат. Новата влада треба да биде избрана на почетокот на август.