„Следствено на манифестот треба да се случат и уставните измени зад кои треба да застанат сите политички партии и пратеници кои и мислат добро на државата. Прозорецот на можности Христијан Мицкоски да се приклучи на европскиот блок полека се затвора.
Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да се престројат на страната на државните и националните интереси. Со поддршката на Манифестот и на уставните измени ДПМНЕ и Мицкоски на дело ќе покажат дека се за европската иднина на државата. Во спротивно, ќе покажат дека сите оние декларативни заложби за ЕУ биле само обичен блеф пред граѓаните, пред домашната и меѓународната јавност“, рече Каевски.
Тој оцени дека по 17 години, како што рече, во чекалната, се започнати преговорите со ЕУ, нагласи дека скриниг процесот се одвива одлично и дека следно е отворање на првите поглавја за што е потребно усвојување на уставните измени, согласно Преговарачката рамка.
„Време е за глас за Европа во македонското собрание, време е за обединување околу стратешката цел – членство во ЕУ со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет“, нагласи портпаролот на СДСМ.