Црвено-црните таленти го отворија резултатот по дваесетина минути игра и тоа преку Горјан Цветков, додека точно на половина час од средбата тетовци го изедначија резултатот.
На полувреме, сепак, се замина со водство на вардарци по евроголот на Ѓорѓи Доршев со шут од 25 метри.
Во продолжението беше видена целосна доминација на скопската екипа, која беше крунисана со погодоците на Филип Јовановски и на Зоран Фидановски.