недела, 20 октомври 2024
Државниот јавен обвинител со изјава

Јовески: Мојот мандат истекува, ако не се избере нов јавен обвинител, може да се именува вршител на должноста

Државниот обвинител Љубомир Јовески вели дека ја известил Владата дека неговиот мандат истекува на 31 декември, но не знае до каде е постапката за избор на нов главен обвинител. Но нагласува дека секако може да се назначи вршител на таа должност. Тој вели дека обвинителите се должни да го почитуваат новиот Кривичен законик без оглед што со измените застаруваат битни предмети кои ги воделе. „Едно е моето чувство, друго е примената на законот“, вели Јовески.

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со застарувањето на дел од делата согласно последните измени на Кривичниот законик Јовески вели дека онаму каде што ќе се утврди дека настапиле елементи на застарување на кривичното гонење, обвинителството и судовите ќе донесат соодветни одлуки.

Тоа е така, вели, обвинителите и судиите се должни да го применуваат законот, иако постојат одредби со кои тие не го делат мислењето.

„Едно е моето чувство, друго е примената на законот. И обвинителите и судиите должни се да го применат законот. Во конкретниов случај, онаму каде што ќе се утврди дека настапиле елементи на застарување на кривичното гонење, обвинителството и судовите ќе донесат соодветни одлуки. Секој обвинител и судија едноставно мора да го почитува законот. Така и во конкретниот случај, без разлика ние како обвинители што лично сметаме и мислиме во делот на одредени конкретни законски решенија должни сме да ги почитуваме овие законски решенија и одлуките да ги носиме согласно нив, рече Јовески, по денешната седница на Советот на јавни обвинители.

Собранието се уште нема распишано оглас за нов јавен обвинител, иако мандатот на Јовески истекува. Тој вели ја известил Владата за истекувањето на неговиот мандат.

„Согласно Законот за јавното обвинителство, јас ја известив Владата за истекување на мојот мандат. Натаму постапката морам да ви кажам дека не ми е позната до каде е во делот на изборот на нов јавен обвинител, но доколку до 25 декември не се избере нов јавен обвинител, Законот ја предвидел таквата можност, Советот на јавните обвинители, ќе именува вршител на должноста и јавен обвинител, од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Македонија“, рече Јовески, по завршувањето на денешната седница на Советот на јавни обвинители.  

Извештај на Европската комисија во однос на борбата против корупцијата, како што рече, ќе го коментира откако ќе го види.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ