сабота, 19 октомври 2024
НБА

Јокиќ се расправаше со судиите, го исклучија уште во првото полувреме (ВИДЕО)

Никола Јокиќ пред крајот на првото полувреме мораше да излезе од теренот на мечот меѓу Денвер и Чикаго, судиите го исклучија бидејќи негодуваше откако врз него не беше досуден фаул.
 

Објавено на

часот

Сподели

Пред самиот крај на првото полувреме, Јокиќ се пожали дека бил фаулиран од Никола Вучевиќ. Дискусијата со судијата траеше малку подолго, па тие решија да го исклучат Србинот од игра.

Денвер го доби мечот и покрај тоа што играше цело полувреме без својот најдобар кошаркар. Шампионот победи со 114-106.

Јокиќ на теренот помина 16 минути за кои постигна четири поени, имаше девет скокови и шест асистенции. Најефикасен во составот на Денвер беше Џексон со 25 поени. Кај Чикаго Вајт постигна 27 поени.

Резултати:

Бостон – Кливленд 120-113

Далас – ЛА Лејкерс 127-125

Чикаго – Денвер 106-114

Феникс – Голден стејт 119-116

ЛА Клиперс – Сакраменто 119-99

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ