сабота, 19 октомври 2024

Јокиќ пропушти да го реши мечот, Денвер беше казнет во последна секунда, Дончиќ рушеше рекорди (ВИДЕО)

Никола Јокиќ промаши шут со кој ќе го решеше победникот на мечот против Оклахома, па веднаш беше казнет со поени во последната секунда, Лука Дончиќ со нова извонредна партија ги надмина Вилт Чембрлејн и Дирк Новицки.
 

Објавено на

часот

Сподели

Оклахома со 118-117 победи на гостувањето кај Денвер во меч со возбудлив крај. На 15 секунди пред крајот Јокиќ се обиде со шут за тројка да го реши победникот на мечот, промаши, а во последниот напад гостите дадоа кош и дојдоа до победата.

Најефикасен во тимот на Оклахома беше Жулжус-Александер кој постигна 25 поени, во составот на Денвер Јокиќ реализираше 24, имаше и 12 асистенции.

Лука Дончиќ со извонредна партија го предводеше Далас до гостинска победа кај Портланд од 131-120.

Словенецот имаше трипл-дабл учинок со 40 поени, 12 скока и 10 асистенции со што сруши два рекорди. Дончиќ го престигна Вилт Чембрлејн по бројот на трипл-дабл учиноци со преку 40 поени, за словенечкиот кошаркар тоа беше осми таков учинок. Пред него останаа Оскар Робертсон со 22, Џејмс Харден со 16 и Расел Вестбрук со 13. 

Вториот рекорд беше според натпревари со најмалку 35 поени во дресот на Далас, каде што словенечкиот репрезентативец сега има 79, односно еден повеќе од Германецот.

Резултати: 

Милвоки – Детроит 146-114

Шарлот – Филаделфија 82-135

Кливленд – Атланта 127-119

Мајами – Чикаго 118-116

Минесота – Индијана 127-109

Голден стејт – Бруклин 124-120

Денвер – Оклахома 117-118

Портланд – Далас 120-131

Сакраменто – Јута 125-104

ЛА Клиперс – Њујорк 144-122

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ