вторник, 26 ноември 2024
НБА

Јокиќ одличен, но Денвер загуби од Минесота, Сакраменто промаши шут за победа против Голден стејт (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во финишот од мечот Минесота имаше водство од 96-84, тогаш Денвер почна неверојатна серија од 12-0 и го однесе мечот во продолжение. Таму домаќинот сепак беше подобар и дојде до триумф од 114-108. Никола Јокиќ беше најдобар на теренот, постигна 43 поени и имаше 11 скокови, во составот на Минесота, Едвардс реализираше 34 поени. Денвер води со 3-1 во серијата.

Интересен беше дуелот меѓу шампионот Голден стејт и Сакраменто, малку фалеше кралевите да дојдат до брејк. Натпреварот беше неизвесен, двете екипи се менуваа во водство, а посебно драматичен беше крајот. Голден стејт имаше водство од 126-125, последниот напад го имаше Сакраменто, промашија тројка од чиста позиција и шампионот израмни на 2-2 во серијата. Стеф Кари постигна 32 поени, најдобар кај Сакраменто но и на мечот беше Фокс со 38 поени и девет скокови.

Њујорк поведе со 3-1 во серијата против Кливленд откако синоќа со 102-93 славеше во четвртиот дуел. Брансон постигна 29 поени, Барет 26. Најдобар кај Кливленд беше Гарленд со 23 поени.

Бостон направи брејк откако славеше кај Атланта со 129-121 и поведе со 3-1. Браун и Тејтум со по 31 поен беа предводници во триумфот, најдобар кај домаќините беше Тре Јанг со 35 поени.

Резултати: Њујорк – Кливленд 102-93 (3-1), Голден стејт – Сакраменто 126-125 (2-2), Атланта – Бостон 121-129 (1-3), Минесота – Денвер 114-108 (1-3)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ