среда, 27 ноември 2024

Јемен: Повеќе од десетина мртви и исчезнати откако потона брод со мигранти

Брод со мигранти се преврте во морето во близина на Јемен, при што загинаа или исчезнаа десетици луѓе, соопшти денеска Агенцијата за миграција на Обединетите нации (ИОМ).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

И покрај речиси една деценија граѓанска војна, Јемен останува главна рута за мигрантите од Источна Африка кои се обидуваат да стигнат до богатите земји од Заливот за да најдат работа.

Бродот, кој пловел од Џибути, превезувал 25 етиопски мигранти, сопственикот на бродот и неговиот помошник, двајцата од Јемен, кога се превртел во вторникот во близина на провинцијата Таиз, се вели во соопштението на ИОМ.

Телата на 11 мажи и две жени се пронајдени покрај брегот на теснецот Баб ел-Мандеб, кој го поврзува Аденскиот Залив со Црвеното Море, додека други 14, меѓу кои двајцата Јеменци, се водат како исчезнати.

„Оваа последна трагедија е остар потсетник за опасностите со кои се соочуваат мигрантите на оваа рута“, рече Мет Хубер, вршител на должноста шеф на ИОМ во Јемен.

Според ИОМ, бројот на мигранти кои пристигнуваат во Јемен се зголемил за три пати во последните години, од околу 27.000 во 2021 година на повеќе од 97.200 минатата година, околу 380.000 мигранти моментално се наоѓаат во Јемен.

За да стигнат до Јемен, шверцерите ги носат мигрантите во често опасни, преполни чамци преку Црвеното Море или Аденскиот Залив. Во текот на изминатата деценија, најмалку 2.082 мигранти загинале на рутата, вклучувајќи 693 кои се удавиле, соопшти ИОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ