вторник, 19 ноември 2024
Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Јаневска: Владата противправно го постави Ферати за директор на ДПИ

Објавено на

часот

Сподели

„Директорот на Државниот просветен инспекторат дипломирал на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово на студиска програма Труд и социјална политка и магистрирал на тема ‘Државниот инспекторат за  администрација на Република Македонија’. Од насловот на темата не може да се заклучи за истражувањето, но тоа е работа на менторот и рецензенската комисија, ние зборуваме за друго. Во својата биографија директорот на Државниот просветен инспекторат додал дека има работно искуство:
-Од 2012-2021 година во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор;
-Од 2021- 2023 во Служба за општи и заеднички работи на Владата;
И 2023 година тој е именуван за Директор на Државниот просветен инспекторат.

Но, членот 5 став 2 од Законот за просветна инспекција вели: За директор на Државниот просветен инспекторат може да биде именувано лице кое има високо образование, што има, и најмалку пет години педагошко работно искуство во воспитанието и образованието. Директорот Халит Ферати нема 5 години педагошко работно искуство во образование и воспитание. Директорот на Државен просветен инспекторат кој треба да ги надгледува и корегира процесите во образованието противправно е именуван за директор на важна државна институција. 
Веројатно баш затоа во моментот создава хаос и води хајка против некои од најдобрите инспектори во инспекторатот“, рече Јаневска. 
Поради се ова што го кажав го повикувм МВР, а и Јавниот обвинител да постапи по закон и да поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност по членот 353 од Кривичниот законик на цела Влада (член 5 став 1 од истиот закон), затоа што таа цела Влада на Република Македонија го именува директорот кој не исполнува услови за да ја врши таа функција.  

Таа додаде дека Владата останува глува на примедбите и препораките на, како што рече, стратешките пријатели и оцени дека состојбата се менува на полошо, но и дека е глува и за коментарите и апелите на опозицијата и на народот.

„Уште еден доказ за партизација и нелегално работење е објавата на Комисијата за образование и наука на СДСМ во која се вели дека комисијата во месец јули и август е во постојатна координација со МОН и БРО за подготовка на насоки и упатства за наставниците во основните училишта со фокус на многубројните прашања од кои се издвојува Концепцијата. Значи МОН и БРО секојдневно се координирани од Комисијата на СДСМ, класична политизација на интитуциите. Дополнително, Концепцијата има нерешени прашања. Така е и ние така тврдиме, и постојано тврдевме. Сега Комисијата на СДСМ давала препораки, мислење и стручност за изнаоѓање на решенија и предлози за подобро организирање на наставата. Значи МОН и БРО не се способни да си вршат работата, па комисијата на СДСМ мора да им помага или во прашање е диктатура над  двете институции со цел да се сокрие срамот за неуспешната Концепција која ја донесе нивната министерка, Мила Царовска“, рече Јаневска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ