сабота, 30 ноември 2024

Јанева побарала ама претседателот Пендаровски го одбил барањето за помилување на поранешната шефица на СЈО

Објавено на

часот

Сподели

Од кабинетот на Пендаровски за МКД.мк  ја потврдија информацијата и велат дека таквата одлука на Пендаровски е донесена откако Комисијата за помилување, како редовно работно тело во кабинетот на претседателот, дала негативно мислење за барањето на Јанева.

Лазар Јанев, синот на Катица Јанева кој воедно е и нејзин адвокат за МКД.мк вели дека барањето за помилување е поднесено пред околу осум месеци но одговор сѐ уште не добиле.

„Барањето е поднесено во септември или октомври 2022 година а одговор немаме иако постапката за одлучување за овој вид кривични дела е итна. Право на ново барање за помилување ќе имаме кога ќе помине една година од добивањето на официјалниот одговор“, вели Јанев.

Според Законот за помилување, молбата се поднесува до Министерството за правда, а доколку молбата е поднесена до друг орган или казнено-поправна установа, тогаш органот или казнено-поправната установа без одлагање ја доставуваат до министерството.

„Казнено-поправните установи ги доставуваат молбата и извештајот за однесувањето на затвореникот во рок од 30 дена од денот на приемот на молбата“, пишува во Законот за помилување.

Јанева беше осудена во предметот „Рекет“ на седум години затвор. Во февруари годинава таа одлежа половина од казната.

                                                                                                                                                                                  И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ