недела, 20 октомври 2024

Јане Ченто за разрешувањето на Вилма Русковска: Пензијата ќе ја земаш во затвор!

Објавено на

часот

Сподели

Русковска донесе загрозен сведок за да лаже пред судот, а јавноста немаше можност да чуе бидејќи медиумите не смеат да ги следат тие судења, пишува од затвор Ченто на својот фејсбук-профил .

„Имам нешто да му порачам на тој монструм што донесе загрозен сведок да лаже во суд и ја исклучи јавноста за да не слуша македонскиот народ какви болни лаги се зборуваат таму. Монструм, 2024 ќе биде година каде ќе се отвори случајот 27 април, ќе се дознае што правеше во тој случај и како без докази осуди невини луѓе на 200 години затвор. Ова што те разрешуваат денес е почеток на твојот тежок крај“, напиша Ченто.

Тој додаде: „Те слушам пензија ќе си земала, само да ти порачам и да ти ветам таа пензија ќе ја земаш во затвор, онаму каде што нас нѐ прати невини. Со твојот болен мозок намести чесни македонски патриоти да лежат во затвор“.

„Имам нешто да им порачам и на сите слуги и извршители што беа вмешани во местенката за 27 април и кои сооработуваа со монструмот повеќе од 7 години.., и Вас ве чека истото и Ви порачувам, сега е време да си кажете зошто го прававете тоа и по чии наредби, можеби ќе си ја исперете совеста и ќе Ви простиме, во спротивно ќе му правите друштво на овој монструм во затвор за скоро. Правдата ќе дојде за брзо, ќе се сретнеме многу брзо! Да живее Република Македонија!“, напиша Ченто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ