среда, 27 ноември 2024

Израелската војска ја презеде одговорноста за нападот во Сирија

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека денеска ја нападнале Сирија со беспилотно летало и убиле висок оперативец на палестинското милитантно движење Исламски џихад.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според ИДФ, во воздушен напад на сириската страна на автопатот Бејрут-Дамаск, во близина на границата меѓу Либан и Сирија, бил убиен Фарес Касем. Израелската војска тврди дека Касем е истакнат член на оперативната единица Исламски џихад.

„Касем имаше задача да развие оперативни планови за палестинската терористичка организација Исламски џихад во Сирија и Либан и зеде централно учество во регрутирањето на палестинските терористи во терористичката организација Хезболах, заради извршување терористички операции од Либан против државата Израел“, се наведува во соопштението на ИДФ, пренесува Тајмс оф Израел.

ИДФ тврди дека во последните години Хезболах, со иранско финансирање, регрутирал Палестинци во терористичката организација за да го нападнат Израел.

Во нападот беа убиени уште двајца оперативци на ПИЈ, заедно со оперативецот на Хезболах, Мухамед Тах.

Израелските одбранбени сили соопшти дека четворицата возеле од Сирија кон Либан за да извршуваат операции во име на Хезболах. ИДФ ретко презема одговорност за нападите во Сирија, пренесува израелскиот портал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ