Инцидентот се случи откако израелската армија (ИДФ) синоќа објави дека ќе спречи секаков обид на Иран да му пренесе оружје на либанскиот Хезболах, вклучително и негово доставување преку цивилниот аеродром во Бејрут, пишува Тајмс оф Израел.
IRGC affiliated Qeshm Fars Air, EP-FAB had done a U-turn over Syria earlier today, EP-FAB has an infamous record of moving drones and munitions on behalf of IRGC to multiple areas of the Middle East and further. pic.twitter.com/bZrHbVl435
— Aurora Intel (@AuroraIntel) September 28, 2024
Како што пренесуваат либанските медиуми, министерот за јавни работи и транспорт на Либан, Али Хамиа изјавил дека наредил ирански авион да не слета на аеродромот во Бејрут, како и да не влегува во либанскиот воздушен простор откако Израел ја презел контролата врз кулата за контрола на летање на аеродромот и предупреди дека ќе употреби сила доколку авионот слета во Либан.