петок, 22 ноември 2024

Излезни анкети: Јапонската владејачка партија го загуби мнозинството во Парламентот

Либерално-демократската партија (ЛДП) на јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска не успеа да освои апсолутно мнозинство во Долниот дом на Парламентот на предвремените парламентарни избори, за прв пат од 2009 година, според проекциите на јавната телевизија НХК.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Проекциите дадени врз основа на излезните анкети во моментов не дозволуваат да се утврди дали коалицијата формирана од ЛДП со помалиот партнер Комеито од десниот центар успеа да го зачува мнозинството во Собранието.

Според проекциите, ЛДП освои меѓу 153 и 219 места во Долниот дом на Парламентот, јави телевизијата НХК, додека опозициската Уставна демократска партија (ЦДП) освои меѓу 128 и 191 место. За да го контролира парламентот, партијата треба да освои 233 пратенички места, што значи дека ЛДП ќе мора да влезе во коалиција за да остане на власт, пренесува Би-би-си.

ЛДП претходно беше во коалиција со помалата партија Комејто, но според проекциите се навестува дека заедно ќе имаат помалку мандати од потребното мнозинство, што предизвикува неизвесност за тоа како ќе се управува со четвртата по големина економија во светот, наведува Би-би-си.

Изборите ги распиша новиот лидер на ЛДП, Шигеру Ишиба, три дена откако беше избран за лидер и пред официјално да положи заклетва како премиер.

Изборите се одржуваат по турбулентната година за ЛДП, опфатена со низа скандали, раширена апатија на гласачите и рекордно ниска поддршка.

На почетокот на годинава, партијата имаше позитивен рејтинг под 20 отсто, по скандалот околу политичкото собирање средства.

Сепак, опозициските партии не успеаја да се обединат, ниту да ги убедат гласачите дека се остварлива опција за власта. Најголемата опозициска партија имаше рејтинг од само 6,6 отсто пред распуштањето на парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ