На бројот за итни случаи 112 во ЦУК изминатото деноноќие имало 1 752 повици, од нив „реални“ повици биле 61,76 отсто, а 38,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 64,74 отсто, кон итната медицинска помош 23,99 отсто, кон пожарникарите 1,73 отсто, а кон АМСМ 0,29 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Од ЈПКР „Услуга“- Берово информирале дека водата од водоснабдителниот систем во Општина Берово од 12 ноември 2024 година сè уште е забранета за пиење и готвење, заради зголемено присуство на манган.