Во текот на мечот двајцата тенисери имаа предност во гемовите кога се наоѓаа на сервис, а единствениот брејк го направи Плаиншек во вториот сет што се покажа и како решавачки, додека во првиот сет се играше тај брејк.
Во првиот сет словенечкиот тенисер имаше постојано водство од гем предност, а во 11.тиот гем Ивановски имаше две брејк топки што не ги искористи при резултат 15/40. Во тај брејкот Планиншек поведе со 5:2 во поени, Ивановски намали на 5:4, но не успеа да се избори за пресврт. Во вториот сет поведе македонскиот тенисер со 1:0 во гемови, но во третиот гем Планиншек го направи единствениот брејк во мечот и предноста ја зачува до крајот на мечот. Ова осoбено што двајцата тенисери во следните неколку гемови сервираа и неколку ас сервиси.