вторник, 26 ноември 2024

Италија, Франција и Шпанија до Израел: Бесни сме

Соединетите Држави и европските земји го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица војници на ОН беа ранети во израелските напади во јужен Либан оваа недела.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „апсолутно“ бара од Израел да престане да пука врз мировниците, по вториот напад врз персоналот на ОН за два дена.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски разговор со својот израелски колега ја истакна „важноста од обезбедувањето на безбедноста“ на силите на Обединетите нации, познати како УНИФИЛ, соопшти Пентагон.

По неколкунеделни интензивни напади врз либанската милитантна група Хезболах, Остин исто така го повика Израел „што е можно поскоро да премине од воените операции на дипломатски пат“.

Израел се најде под тешки критики во Европа. Во заедничкото соопштение, лидерите на Италија, Франција и Шпанија изразија „гнев поради неоправданите напади на Израел“ врз мировниците и побараа тие „веднаш да престанат“. Германското Министерство за надворешни работи го нарече „неприфатливо“.

Во израелските напади во петокот загинаа двајца либански војници и двајца мировници на ОН беа ранети.

Либанската армија соопшти дека израелските сили нападнале еден од нивните пунктови во селото Кафра во јужен Либан, при што загинале двајца војници и раниле уште тројца.

Наџиб Микати, привремениот премиер на Либан, го осуди нападот, нарекувајќи го „злосторство против Либан“.

Израелската армија сѐ уште не ги коментираше инцидентите.

Слабата либанска армија не е деклариран непријател на Израел, либанските државни сили се сметаат за немоќни против огромното влијание на Хезболах на југот на земјата.

Претходно, мировната мисија на ОН соопшти дека нејзиното седиште во Накура е повторно погодено, при што биле повредени уште двајца членови на силите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ