По лансирањето, носачот се вратил на лансирната рампа, каде што прецизно го фатиле масивни метални раце. „Ова е апсолутно неверојатно!“ извика инженерката на Спејсекс, Кејт Тајс за време на преносот во живо.
Додека мисијата за враќање на „супер хеви“ е успешно завршена, летот на Старшип сè уште е во тек. По раздвојувањето, леталото ги активирало сопствените мотори и сега се движи низ вселената.
Watch Starship’s fifth flight test https://t.co/LVrCnTv797
— SpaceX (@SpaceX) October 12, 2024
За околу еден час се очекува да се врати во атмосферата на Земјата, што претставува уште еден клучен и ризичен момент од овој лет. Планирано е Старшип да изврши маневар за слетување над Индискиот Океан.
The tower has caught the rocket!!
pic.twitter.com/CPXsHJBdUh— Elon Musk (@elonmusk) October 13, 2024
Ова е петти тест на Старшип, откако вселенското летало постигна значителен успех во март оваа година, надминувајќи ги двата претходни обиди кои завршија со експлозии набргу по лансирањето.