среда, 27 ноември 2024

Иран по прекинот на огнот во Либан: „Го задржуваме правото да реагираме на агресијата на Израел“

Техеран го задржува правото да реагира на минатомесечните израелски воздушни напади врз Иран, но ги зема предвид и другите случувања во регионот, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Арагчи им рече на новинарите за време на посетата на Лисабон дека Иран го поздравува договорот за прекин на огнот од вторникот во Либан и се надева дека тоа ќе доведе до траен прекин на огнот. Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран, стапи во сила денеска, според договорот постигнат со посредство на САД и Франција.

На прашањето дали прекинот на огнот ќе доведе до намалување на тензиите меѓу Израел и Иран, тој рече: „Тоа зависи од однесувањето на Израел. Се разбира, го задржуваме правото да реагираме на неодамнешната израелска агресија, но ги земаме предвид сите случувања во регионот.“

Израел нападна цели во Иран на 26 октомври како одговор на иранскиот ракетен напад врз Израел на 1 октомври. Али Лариџани, висок советник на врховниот лидер на Иран, во интервју објавено во неделата од иранската новинска агенција Тасним рече дека неговата земја се подготвува да му „одговори“ на Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ