понеделник, 25 ноември 2024

Иран до ОН: Имаме право да одговориме на злосторничката агресија на Израел

Иран го задржува правото да одговори на „криминалната агресија“ на Израел, му порача министерот за надворешни работи Абас Аракчи на генералниот секретар на Обединетите нации во писмо со барање за итен состанок на Советот за безбедност, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во саботата иранската мисија во Обединетите нации побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради израелските напади врз Иран.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нападот врз Иран бил „прецизен и моќен“ и дека „ги постигнал сите негови цели“.

Тој додаде дека Израел е во егзистенцијална борба против „оската на злото“ предводена од Иран и посочи дека израелските непријатели мора да платат „многу висока цена“.

Нетанјаху директно му се обрати на иранскиот народ: „Нашата борба не е насочена против вас, туку против тиранскиот режим кој ве угнетува и го загрозува целиот регион“.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Иран повеќе не е во состојба ефикасно да ги користи своите соработници од Хамас во Појасот Газа и Хезболах во Либан против Израел.

Галант додаде дека Хамас во Газа повеќе не функционира како воена мрежа и дека командата на Хезболах и голем дел од неговите ракетни способности исчезнале.

Тој рече дека ниту една од двете групи веќе не е „ефикасна алатка“ на Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ