„Нашите шест другари херојски беа убиени денеска во конфликт со терористите кои се обидоа да се инфилтрираат во нашата база“, се вели во соопштението на Министерството.
Турските власти претходно денеска објавија дека шест војници биле убиени во петокот вечерта во северен Ирак. Нападот им се припишува на членовите на Работничката партија на Курдистан (ПКК), која Анкара и многу западни земји ја сметаат за терористичка група.
Турските медиуми објавија дека турските воени бази, кои вчера и денеска беа цел на напади, се наоѓаат во Хакурк и Зап во северен Ирак, каде што се наоѓа автономната област Курдистан.
Турската војска редовно спроведува воени копнени и воздушни операции против борците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) и нивните позиции во северен Ирак. За 25 години Турција постави неколку десетици воени бази во оваа област.
Работничката партија на Курдистан, е во вооружена борба против турските власти од 1984 година, ја презеде одговорноста во октомври за нападот врз седиштето на турското Министерство за внатрешни работи во Анкара, во кој беа ранети двајца полицајци.