Интер беше најубедлив, победи кај Верона со 6-0. Џеко и Лаутаро Мартинез дадоа по два гола, еднаш победи Чалханоглу, а еден погодок беше автогол.
Лацио со голови на Фелипе Андерсон и Башиќ дојде до триумф од 2-0 против Сасуоло.
Милан со гол на Месиас во 93. минута се спаси од пораз на Сан Сиро од Кремонезе кој водеше од 77. минута со гол на Окереке, мечот заврши 1-1.
1-1 одигра и Рома на гостувањето кај Монца. Римјаните водеа со гол на Ел Шарави од 24. минута. Во 39. минута Калдирола погоди за реми.
На пет кола до крајот Лацио е втор со 64 бода, Јувентус има 63, Интер 60, Аталанта се качи на петтото место со 58 бода, толку имаат и Милан и Рома.