Милан не успеа да ја анулира негативата од првиот меч, Интер одигра подобро и на вториот натпревар и заслужено оди понатаму.
Росонерите почнаа одлично, имаа голема шанса преку Брахим Дијаз да го отворат резултатот но не успеаа. Во финишот од првиот дел се обиде и Леао но не успеа. За Интер во тој период шанса имаше Џеко, ударот го одбрани Мењон.
Во вториот дел Милан ништо не направи, Интер имаше апсолутна контрола на играта. Во 74. минута Лаутаро Мартинез го постигна единствениот гол на мечот за победа на Интер од 1-0.
Интер заслужено оди во финалето во Истанбул, таму за противник ќе има некој од Манчестер Сити и Реал Мадрид.