недела, 20 октомври 2024

Инспектор од Струмица примал поткуп од 200 евра, обвинителството покрена истрага, судот му определи притвор

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинителството, како службено лице, помлад пазарен инспектор, осомничениот струмичанец во два наврати директно побарал и примил пари од радовишани за да не изврши службени дејствија што по закон морал да ги изврши.

„Во првиот случај, при инспекциски надзор на 13 јуни, констатирал дека правен субјект нема регистрирано занаетчиска дејност, но за да не го констатира прекршокот од сопственикот побарал и примил 100 евра. На 17 ноември, во деловен простор затекнал две лица кои вршеле берберска дејност без да бидат запишани во занаетчискиот регистар и од нив исто така побарал 100 евра за да не го констатира прекршокот на записник. Бидејќи тие во моментот немале толку пари кај себе, тој уште 2 пати се вратил во дуќанот и од нив примил по 3.000 денари“, информираа од обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ