петок, 15 ноември 2024
Изјава на министерот за внатрешни работи

Имaвме 964 лажни дојави за бомби во 720 објекти, рече Спасовски за перидот кога се евакуираа училиштата

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на регионалната конференција „Европска безбедност: Како да се искористи новиот моментум за проширување на ЕУ на Западен Балкан?”, во рамки на сесијата „Моментална геополитичка состојба- импликации за Западниот Балкан“, министерот Спасовски рече дека врз основа на препораките на ЕУ, Владата во декември 2021 година ја усвои Националната стратегија за градење отпорност и справување со хибридни закани (2021-2025) која вклучува широк опсег на активности за справување со предизвиците на дезинформации и хибридни закани.

„По однос на интензивните хибридни напади кои што почнаа да ни се случуваат од октомври минатата година, па се до март оваа година, донесовме  Протокол/правилник за постапување при лажни дојави со бомби на територијата на целата држава. Повеќе од 720 објекти беа таргет на 964 лажни дојави кои што ги имавме, испратени од преку 60 различни е-маил адреси. Министерството за внатрешни работи во полн капацитет активно работеше на идентификација и пронаоѓање на можните сторители чија цел беше ширење на паника помеѓу граѓаните”, рече Спасовски, потсетувајќи дека креиран е  оперативен тим кој што работеше во рамките на Владата, во која што се вклучени сите институции МВР, АНБ и Агенцијата за разузнавање, МО-ВСИР и сите релевантни структури со свои експерти.

На тој начин, како што рече Спасовски, практично беа разменети сите податоци и информации и соодветни решенија, со цел да се има поинаков пристап во однос на дојавите за бомби кои пристигнуваа по електронски пат. Притоа, тој посочеи дека беше донесено посебно Упатство за постапување во вакви случаи и дека на основа на тоа ново упатство и координацијата и соработката со МОН е на исклучително високо ниво.

Спасовски истакна дека високо на агендата е и борбата против организиран криминал и корупција, јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ