понеделник, 9 декември 2024

Опозицискиот блок на германските демохристијани ја зголеми предноста во анкетите по распадот на коалицијата на Шолц

Опозицискиот блок на германските демохристијани – Христијанско-демократска унија и Христијанско-социјална унија, по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц и закажувањето предвремени избори, го зголеми своето и онака големо водство во анкетите.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во истражувањето на институтот Југов, 33 отсто од испитаниците гласале за ЦДУ/ЦСУ, еден отсто повеќе отколку во октомври.

Социјалдемократската партија и Зелените изгубија по еден процентен поен и сега се на 15, односно 11 отсто, додека Алтернатива за Германија (АфД) освои еден поен и сега е на 19 отсто, пренесува ДПА.

Левичарско-популистичката алијанса Сара Вагенкнехт падна за еден поен на седум отсто, но ФДП и Левичарската партија останаа на пет и три отсто.

Изборниот праг за влез во Бундестагот е пет отсто.

Анкетата покажува дека фокусот на гласачите на клучните прашања е значително поместен. Темата миграција остана на прво место, но помалку убедливо со 23 отсто наспроти 32 отсто од Окобар. Економијата ја избрале 14 отсто од испитаниците за најважна тема, наспроти осум отсто пред еден месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ