среда, 11 декември 2024

Мисајловски се сретна со специјалците од осум држави, дел од вежбата „Мудар волк 2024“

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на „Криволак“ ги посети припадниците на Баталјонот за специјални сили кои на најголемиот армиски полигон заедно со специјалците од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција и Босна и Херцеговина ја реализираат вежбата „Мудар волк 2024“, соопшти Министерството за одбрана (МО).

Објавено на

часот

Сподели

На Денот на високи гости на кој присуствувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Сашко Лафчиски, како и високи воени претставници и одбранбени аташеи од земјите-учеснички, заеднички тимови на специјалци реализираа здружена показна вежба на која ги прикажаа своите вештини и способности.

„За време на двонеделното извежбување користени беа осум хеликоптери од типот CH47 Chinook, UH60 Black Hawk, Puma и Mi-17, а над 120 специјалци во мешани тимови од сите земји-учеснички извршија повеќе задачи како спуштање од хеликоптер со јаже, гаѓање со снајперски пушки со долг дострел, обезбедување од копно и од воздух, борба во затворен простор, медицинска евакуација и други“ информираат од МО.

Вежбата, која се одржува на годишно ниво во една од земјите – учеснички, ја јакне регионалната соработка во овој домен и ја унапредува интероперабилноста која е основа за зацврстување на колективната безбедност. Оваа годишна вежба се реализира од 2011 година на иницијатива на началниците на Генералштаб од балканските земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ