вторник, 3 декември 2024

Нов детски велодром во паркот Сарај – донација од Стопанска банка

Преку својата долгогодишна општествено-одговорна кампања „Вози право, вози здраво“, Стопанска банка продолжува да ја збогатува понудата на урбана велосипедска опрема во Скопје на задоволство на децата и семејствата од градот.

Објавено на

часот

Сподели

Деновиве беше предаден во употреба вториот СТБ Детски велодром, изграден во еден од најубавите паркови во државата, паркот Сарај, на површина од 1.500 метри квадратни.

Како надополнување на бројните спортско-рекреативни содржини во големиот парк, семејствата со помали деца сега ќе можат на безбеден начин да вежбаат возење велосипед во урбани услови, а притоа и да учат и совладуваат бројни сообраќајни правила со помош на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

Како и претходните донации во рамки на кампањата „Вози право, вози здраво“, банката наиде на огромна поддршка од Град Скопје во изборот на локација, дизајнирањето и изведбата на оваа интерактивна семејна содржина. Оттука, за изведбата на велодромот, банката оствари соработка со јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“, овозможувајќи на тој начин услови за поголема одржливост на донацијата.

При посетата на велодромот, генералната директорка за банкарство на мало, Милица Чапаровска Јовановска, изјави:

„Инспирирани од позитивните реакции и од големата искористеност на претходните наши донации реализирани под капата на проектот ‘Вози право, вози здраво’, уверени сме дека и оваа нова содржина во паркот Сарај ќе наиде на голем одзив кај младите семејства. Веруваме дека секоја инвестиција направена во промоција на урбаниот велосипедизам дава долгорочни позитивни ефекти не само на индивидуално ниво, туку и за колективот – подобро здравје, почиста животна средина и секако подобро расположение. Стопанска банка останува доследна во своите заложби да биде активен член на општеството и покрај постигнувањето врвни резултати од своето работење да биде во континуирана поддршка на заедницата.“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во оваа прилика изјави:

„Ова е уште една спортско-рекреативна содржина со која ја зголемуваме понудата и атрактивноста за љубителите на спортот во Скопје. СЦ Сарај станува дом на сите вљубеници на велосипедизмот, ролерите и скејтбордите, а истите ќе можат да уживаат и во другите забавни содржини на еден од најголемите рекреативни центри во нашиот град. Изразувам благодарност до претставниците на Стопанска банка, која како општествено одговорна компанија во рамки на проектот ‘Вози право, вози здраво’ реализираше уште еден проект значаен за граѓаните.“

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ