вторник, 10 декември 2024

НАТО и ЕУ ја убедуваат Кина да ја спречи Северна Кореја понатаму да ја поддржува руската војна против Украина

НАТО и Европската унија ги засилија напорите да ја убедат Кина да влијае врз Северна Кореја да престане да испраќа војници и друга поддршка за Русија за нејзината војна против Украина, пренесува Асошиејтед прес.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според проценките на американските, јужнокорејските и украинските разузнавачи, околу 12.000 севернокорејски војници се испратени во руската погранична област Курск за да ѝ помогнат на Русија во борбата против украинските сили. НАТО тврди дека Русија за возврат испраќа ракетна технологија во Северна Кореја.

За време на денешната посета на Летонија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте предупреди дека размената на ракетна технологија претставува „директна закана, не само за Европа, туку и за Јапонија, Јужна Кореја и САД“. Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд сега редовно присуствуваат на состаноците на НАТО.

Вчера, по разговорот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Руте рече дека евроатлантските и индо-пацифичките области „навистина мора да се гледаат“ како една област, а не како две, и дека безбедноста на западните земји сега е „сè повеќе глобално прашање“.

Во авторски текст за Политико минатата недела, Руте рече дека Кина има „посебна одговорност“ да го искористи своето влијание во Пјонгјанг и Москва за да се осигура дека Северна Кореја и Русија ќе ја замрзнат размената, додавајќи дека Пекинг „не може да се преправа дека промовира мир додека замижува пред зголемената агресија“.

Додека Северна Кореја и Русија значително се зближија, многу набљудувачи велат дека Кина не сака да формира антизападен сојуз со нив, претпочитајќи стабилна безбедносна средина за справување со економските предизвици и одржување на односите со Европа и нејзините азиски соседи.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска детално го опиша неодамнешното патување во Јапонија и Јужна Кореја, каде што разговараше за испраќање севернокорејски трупи во Русија и за другите форми на помош на Пјонгјанг за Москва.

„Ова означува ескалација на највисока можна сериозност, што, се разбира, беше во срцето на нашите разговори со јапонскиот и јужнокорејскиот лидер“, напиша Борел, кој вчера исто така разговараше со Блинкен.

За време на патувањето, Борел го поздрави склучувањето на нови безбедносни и одбранбени партнерства со Јапонија и Јужна Кореја, „први надвор од Европа“.

„ЕУ секако не е создадена како воен сојуз, но во сегашниот геополитички контекст може и мора да стане гарант на глобалната безбедност и партнер“, напиша Борел.

Додека Русија ја користи својата воена предност во Украина, САД сакаат нивните сојузници да извршат политички притисок врз Кина за да ја заузда Северна Кореја. Откако Пјонгјанг и Пекинг воспоставија дипломатски врски во 1949 година, нивниот однос беше опишан како „многу близок“.

Блинкен оваа недела рече дека администрацијата на Џозеф Бајден во заминување е решена во последните месеци да помогне Украина да продолжи да се бори против руската инвазија следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ