„Ако се согласиме тивко да ги цензурираме објавите на интернет без да кажеме никому, нема да бидеме казнети“, напиша Маск на својата социјална мрежа.
The European Commission offered 𝕏 an illegal secret deal: if we quietly censored speech without telling anyone, they would not fine us.
The other platforms accepted that deal.
𝕏 did not. https://t.co/4lKsaRsYoA
— Elon Musk (@elonmusk) July 12, 2024
Денеска Европската комисија официјално ја обвини компанијата Икс дека не го почитува законот на Европската Унија за социјалните мрежи и го означи Маск одговорен за тоа што социјалната мрежа ја направи рај за дезинформации и нелегални содржини.
Прелиминарната истрага на Комисијата на ЕУ покажа дека Икс го прекршил законот во врска со транспарентноста на рекламирањето, пристапот до податоците за истражувачите и таканаречените „мрачни форми“, кои се користат за собирање приватни податоци преку измама на корисниците.