петок, 18 октомври 2024

Илир Демири е назначен за нов директор на болницата во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за здравство информираат дека доктор Демири е специјалист инфектолог, кој поседува богато работно искуство и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор. 

„Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против ковид-19 од самиот почеток на пандемијата. Доктор Демири е добитник на титулата ‘Европска личност за 2020 година’. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните. Доктор Демири исто така е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести“, велат од Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ