вторник, 1 октомври 2024

ИДФ: Тешки борби во јужен Либан, Хезболах користи цивили како жив штит

Израелските сили издадоа предупредување до жителите на јужен Либан поради „тешките борби“ во областа, изјави портпаролот на армијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Авичај Адраи рече дека Хезболах ја користи „цивилната околина и населението како жив штит“ за да врши напади врз израелските сили.

„Итно предупредување до жителите на јужен Либан. Има тешки борби во јужен Либан“, објави тој на Икс. Армијата ги повикува жителите да не ги преместуваат своите возила од северната област во јужната област на реката Литани.

„Ова предупредување е во сила до понатамошно известување“, објави Адраи.

Дописникот на Скај њуз, Алекс Крафорд, кој се наоѓа во Либан, рече дека предупредувањето може да значи дека израелските сили имаат намера да нападнат области јужно од реката. Тој рече дека тоа зафаќа површина од околу 850 квадратни километри и има население од околу 20.000.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ