вторник, 15 октомври 2024

Виктор Орбан: Унгарија ќе почне да испраќа мигранти во Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија ќе почне да испраќа мигранти во Брисел доколку Европската унија инсистира на казна од 200 милиони евра изречена на Будимпешта од Судот на правдата поради кршење на правилата за азил.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку Брисел опстои на својата одлука да нè казни, ќе го добие она што го сака. Мигрантите кои ни тропаат на врата ќе ги однесеме на главниот плоштад во Брисел“, изјави Орбан, пренесува Политико.

На крајот на август, унгарската влада дошла до идеја, позајмена со мала модификација од американскиот републикански прирачник, на секој мигрант кој ќе се обиде да влезе во земјата да му даде карта во еден правец за Брисел.

Претходната одлука на највисокиот суд на ЕУ во јуни ја принуди Будимпешта да усвои политика кон бегалците „без притвор“, што значи дека не може да ги држи барателите на азил во „транзитни зони“ слични на затвор.

Градоначалникот на Брисел и други белгиски функционери ја критикуваа идејата на Будимпешта, нарекувајќи ја „провокација што е спротивна на европските обврски“, додека Орбан инсистира дека пресудата на Судот на правдата е неправедна, особено кога западноевропските земји ги зајакнуваат сопствените гранични контроли.

„Ерата на слободното патување се ближи до крајот“, рече Орбан во парламентот, мислејќи на одлуката на Германија привремено да воведе контрола на своите граници и на ставот на новиот француски премиер Мишел Барние за заострување на граничните контроли.

Орбан рече дека „сè што морале да направат“ за да се избегне оваа ситуација е „да го следат примерот на Унгарија и воопшто да не ги пуштаат мигрантите внатре“.

Дури и кога нашата политика ќе „се покаже како точна“, Унгарија сè уште е казнувана за „одбраната на европските граници“, рече Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ