четврток, 24 октомври 2024

Хрватска прогласи тројца црногорски политичари за непожелни поради резолуцијата за Јасеновац

Хрватска ги прогласи за непожелни личности потпретседателот на црногорската влада, претседателот на црногорскиот парламент и еден пратеник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска денес со нота упатена до амбасадата на Црна Гора во Загреб ја извести Подгорица дека Хрватска ги прогласила Андрија Мандиќ, претседателот на собранието на Црна Гора, Милан Кнежевиќ, пратеник во собранието на Црна Гора, и Алекса Бечиќ, потпретседател на црногорската влада за непожелни во Република Хрватска поради системско дејствување на нарушување на добрососедските односи со Хрватска и континуирано злоупотребување на Хрватска во внатрешни политички цели.

„Министерството за надворешни и европски работи жали што мнозинството во собранието на Црна Гора реши да ги занемари континуираните повици од Хрватска да не повлекува потези кои на негативен начин може да се одразат на нашите билатерални односи и европскиот пат на Црна Гора. Во тој контекст, особено се издвојува дејствувањето на споменатите политички функционери, а нивното постапување никако не може да се смета за добронамерно и добрососедско во однос на Хрватска ниту е согласно на декларираната цел членство на Црна Гора во Европската Унија“, се наведува во соопштението.

„Добрососедските односи се еден од клучните елементи на проширувањето како и процес на стабилизацијата и асоцијацијата и еден од клучните критериуми за оценување на напредокот во пристапниот процес на Црна Гора, согласно преговарачката рамка.

Хрватска очекува Црна Гора да се однесува во согласност со европските вредности и во европскиот дух и дека своите напори ќе ги насочи на понатамошно исполнување на условите во процесот“, порача Загреб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ