вторник, 19 ноември 2024

Хоџа во сабота ќе промовира нова Европска демократска партија

Објавено на

часот

Сподели

Хоџа веќе почна да собира потписи за регистрација на партијата, а промоцијата ја најавува за в сабота, ден пред одбележувањето на годишнината од Рамковниот договор. Хоџа ја напушти Беса по формирањето на опозицискиот фронт, на Билал Касами (Беса), Изет Меџити („огнените“) и Африм Гаши (Алтернатива), а зад него застана и пратеникот Бастри Бајрами, по што Беса во Собранието остана со еден пратеник.

И Фарук Авдиу, поранешниот портпарол на Беса најави напуштање на Касами. „По новосоздадената ситуација и проценување на аргументите на двете страни, убеден сум дека Движењето Беса нема ниту идеја, ни визија за политичко организирање на Албанците надвор од Тетово. Затоа, не сакајќи да бидам дел од локалистичка структура, решив да го продолжам моето политичко патување со новата политичка формација што ја најави Аријанит Хоџа“.

Меџити промоцијата на новата партија Демократско движење го закажа за 13 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ