Беше тешко да се разбие одличната одбрана на Аугсбург на чело со голманот Лабровиќ кој имаше двоцифрен број на одбрани, беше убедливо најдобриот поединец кај гостите иако прими три гола.
Резултатот беше отворен во 63. минута со гол на Кејн од пенал кој беше досуден поради игра со рака од противнички фудбалер.
На 2-0 зголеми Кејн исто така од пенал, овојпат досуден по прекршок врз него. Голот беше даден во 93. минута. Ова беше 25. гол од пенал по ред за англискиот напаѓач.
И кога се чинеше дека тоа е и конечниот резултат, Кејн даде уште еден гол, погоди во 95. минута за конечни 3-0. Овој погодок беше посебно добар, мајсторски прием и лесен удар со глава.
What a control from Harry Kane. 😳pic.twitter.com/NUfltOufA1
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 22, 2024