вторник, 19 ноември 2024

Харадинај со порака до Албанците во Македонија: Не му верувајте на измамникот Курти!

Објавено на

часот

Сподели

Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен-Тетово, како регионален проект, е многу важен и дека придонесува за развојот и на Косово и на Македонија.

Харадинај на Фејсбук сподели дека на Косово се блокирани сите патишта и проекти.

„Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Сите патишта и проекти се блокирани во Косово, вклучително и Плавскиот пат. Бидејќи веќе не може да ги лаже граѓаните на Косово, дојде да ве лаже вас, зборувајќи за патот Тетово – Призрен. Истото го пробал и во Албанија, но не му поверувале и го избркале. Не потпаѓајте на неговите трикови“, напиша Харадинај на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ