четврток, 28 ноември 2024

Хаос во Милан, Малдини си заминува од клубот

Објавено на

часот

Сподели

Малдини имал тензичен состанок со газдата на клубот, Гери Кардинале, двајцата имале различни визии за иднината на клубот. 

Малдини побарал поголем буџет, особено во ставката за плати бидејќи со ограничувањето кое е дел од моменталната клупска политика, не можат да се привлечат големи фудбалери ниту како слободни играчи.

Така не сметал Карневале, кој веројатно поради неодамнешното Скудето и полуфиналето во ЛШ, верува дека Милан може да биде конкурентен и со значително помал буџет од останатите гиганти во Европа.

Карневале одлучил да им даде отказ на Паоло Малдини и неговата десна рака, Рики Масара.

Одлуката на раководството не им се допаднала на фудбалерите. Тео Ернандез сака да си оди, Рафаел Леао кој само пред неколку дена потпиша нов договор немало тоа да го направи доколку знаел дека Малдини ќе добие отказ, а заминување сака и голманот, Мајк Мањан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ