петок, 29 ноември 2024

Хамас предложи независна палестинска влада во Газа по завршувањето на војната

Палестинскиот Хамас предложи независна влада составена од непартиски лица да управува со Појасот Газа и Западниот Брег по завршувањето на војната, изјави претставникот на организацијата Хосам Бадран.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Предложивме непартиска влада со национална јурисдикција да управува со Газа и Западниот Брег по војната“, се наведува во соопштението во врска со индиректните преговори меѓу Хамас и Израел, со посредство на Катар, Египет и САД, со цел запирање на војната во Газа и ослободување на заложниците што се држат таму.

„Администрацијата на Газа по војната е внатрешно палестинско прашање што не треба да трпи никакво мешање однадвор и ние нема да разговараме за (повоена) Газа со ниту една страна“, се додава во соопштението.

Сепак, официјален претставник на Хамас за Франс прес, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека предлогот за непартиска влада бил претставен со посредници.

Таа влада ќе се занимава со „работите на Појасот Газа и Западниот Брег во првата фаза од повоениот период и ќе го отвори патот за општи избори“, рече тој.

Тековните преговори кои би требало да доведат до крај на војната, како што би сакала меѓународната заедница, се водат во Доха и Каиро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ