петок, 29 ноември 2024

Хамас: Десетици загинати и ранети во израелски напад на Кан Јунис (ВИДЕО)

Десетици Палестинци беа убиени или ранети во израелски напад врз шаторските кампови во Кан Јунис денеска во кои се сместени раселените жители на Газа, соопшти канцеларијата за медиуми, управувана од Хамас.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска соопшти дека го проучува извештајот, Министерството за здравство на Газа сè уште не објавило официјален број на загинати.

„Израелската окупаторска армија изврши голем масакр со бомбардирање на камповите со шатори на раселените луѓе во Кан Јунис. Во застрашувачкиот масакр беа убиени и ранети повеќе од 100 лица, вклучително и припадници на цивилната служба за вонредни состојби“, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас.

Радиото на израелската војска објави дека војската го гаѓала воениот командант на Хамас, Мохамед Диеф во нападот на Кан Јунис, но сè уште не е познато дали тој бил убиен во нападот.

Официјален претставник на Хамас изјави дека сите жртви биле цивили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ