петок, 29 ноември 2024
Лига на шампиони

Гвардиола: Чест ми е да бидам како Сер Алекс Фергусон

Објавено на

часот

Сподели

Во второто финале со Манчестер Сити, Пеп Гвардиола дојде до големиот трофеј откако синоќа со гол на Родри го победи Интер со 1-0 во финалето кое се играше во Истанбул.

Манчестер Сити ја освои тројната круна, а тоа значи дека Гвардиола го израмни успехот на Сер Алекс Фергусон кој досега беше единствениот на кој тоа му успеало во Англија.

„Сакам да им честитам на фудбалерите на Интер за нивната игра. Знам како се чувствуваат сега, и ние се чувствувавме така пред две години. Тие се втор најдобар тим во Европа и тоа е одлично“, вели Гвардиола.

Ова финале беше запишано во ѕвездите. Среќен сум, но во исто исто време тие можеа да дадат гол и ние да загубевме. Задоволни сме поради нешто единствено, тројната круна“.

„Ја освоивме Европа, страдавме, но тоа е нормално. Понекогаш ви треба оваа среќа која не сме ја имале во минатото. За неколку дена ќе сфатам што направивме“.

„Во првото полувреме ни беше тешко да најдеме човек во простор. Потоа во вториот дел дадовме прекрасен гол, но во последните минути тие беа подобр, ние страдавме. Имаме неверојатен голман и одбрани тоа што требаше да одбрани“.

„Не можам да дочекам да бидам во автобусот со три трофеи. Чест е за мене да бидам како Сер Алекс Фергусон, тој ми прати порака утрово“.

„Големо олеснување за нас е што го освоивме овој трофеј. Но има тимови кој ќе го освојат и ќе исчезнат, ние сакаме да го избегнеме тоа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ