вторник, 23 јули 2024

Гувернерот на Флорида за обвинението против Трамп: Двојни стандарди. Зошто Хилари Клинтон не беше гонета?

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека постојат двојни стандарди при поднесувањето обвиненија.

Американското обвинителство го објави обвинението по 37 точки против Трамп вчера, обвинувајќи го поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави дека изложил на опасност некои од најчувствителните безбедносни тајни откако ја напуштил Белата куќа во јануари 2021 година, пренесе Ројтерс.

„Сметам дека мора да постојат правосудни стандарди во оваа земја“, кажа Десантис на конвенција во градот Гринсборо во Северна Каролина.

Тој ја осуди, како што кажа, злоупотребата на државните агенции, иако не го спомна Трамп по име.

„Хилари Клинтон имала мејлови. Дали постојат различни стандарди кога станува збор за државната секретарка од редовите на Демократската партија и поранешниот републикански претседател?“, праша Десантис.

Хилари, која беше шефица на американската дипломатија во времето на мандатот на Барак Обама, изгуби од Трамп на изборите во 2016 година, а за време на кампањата се соочуваше со прашања за начинот на кој управувала со доверливите материјали откако во јавноста стигна информацијата дека испраќала мејлови преку приватниот, необезбеден сервер, што е казниво.

Истрагата на Стејт департментот утврди дека нема докази за намерно погрешно ракување со доверливите податоци. ФБИ оцени дека Хилари Клинтон била „невнимателна“, но не препорача кривично гонење.

Трамп, меѓутоа, се соочува со обвинение од 37 точки, вклучувајќи и недозволено задржување доверливи документи и заговор да се опструира правдата, откако ја напуштил Белата куќа, според документите на сојузниот суд објавени вчера.

Републиканците тврдат дека истрагата против Трамп, кој ќе се обиде да го победи Џо Бајден на изборите во 2024, е политички мотивирана. Бајден и водечките американски функционери тврдат дека министерството за правда е целосно независно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ