Зурабичвили на Фејсбук објави говор на нејзиниот претставник во парламентот во кој објаснува дека законот ја прекршува клаузулата во грузискиот устав со која се бара од владата да ги направи сите можни напори за да се приклучи на Европската Унија и НАТО.
ЕУ ја замрзна интеграцијата на Грузија во блокот откако парламентот го отфрли ветото на Зурабичвили за контроверзниот закон и го усвои во јуни.
Законот бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од донациите од странство да се регистрираат како странски агенти, со строги барања за обелоденување и парични казни за оние кои ќе ја прекршат мерката.
Грузиските и западните критичари тоа го нарекуваат драконско задушување на неистомислениците, инспирирани од слично законодавство во Русија. Владејачката партија Грузиски сон тврди дека мерката е неопходна за да се заштити суверенитетот на Грузија.
Зурабичвили беше избрана во 2018 година со поддршка на Грузиски сон, но до несогласувањето со таа партија дојде поради, како што вели, недоволната поддршка за интеграцијата на Грузија во ЕУ. Таа стана една од најжестоките критичари на Законот за странски агенти.
Во последниве недели, претседателката направи напори да состави коалиција на опозициски партии за да го собори Грузиски сон на парламентарните избори на 26 октомври.