сабота, 28 септември 2024

Грузија во 95. минута пропушти огромна шанса за историска победа и славје против Чешка (ВИДЕО)

Грузија и Чешка одиграа 1-1 на отварањето на 9-тиот ден на Европското првенство, избраниците на Вили Сањол има за што да жалат откако во последните секунди пропуштија огромна шанса за историска победа.

Објавено на

часот

Сподели

Чешка влезе како фаворит во натпреварот, имаше и доминација на теренот, упати дури 26 удари од кои 11 во рамките на голот, но Грузија може да жали што не стигна до историска прва победа на Европските првенства.

Грузија поведе во финишот на првиот дел, со помош на ВАР беше досуден пенал, а Макаутадѕе погоди од белата точка за 1-0.

Чешка се врати по еден час игра, по еден корнер, Шик се снајде убаво и со гради ја смести топката во мрежа откако претходно Лингр ја затресе стативата.

Избраниците на Иван Хашек потоа тргнаа по цел плен, а офанзивниот пристап за малку ќе им се удреше од глава во 95. минута, кога Грузија тргна во контра Лобјанидѕе се најде осамен пред голот и кога сите очекуваа погодок за 2-1, тој биеш само над голот.

Грузија на крајот сепак се радуваше на историски прв бод, но победата ќе беше многу послатка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ