сабота, 2 ноември 2024

Грета Тунберг осудена поради одбивање полициска наредба

Објавено на

часот

Сподели

Судската постапка е покрената врз основа на тужба против Тунберг затоа што одбила да ги послуша полициските наредби за време на еколошката акција во средината на јуни, кога таа и нејзините поддржувачи го блокираа градското пристаниште.

Тунберг се појави пред судот во Малме денеска во 11:30 часот по локално време, пишува париски Фигаро.

„Одлучивме да не бидеме случајни минувачи и затоа физички ја затвораме инфраструктурата за фосилни горива. Ја враќаме иднината“, објави Грета Тунберг на Инстаграм, а портпаролката на еколошката организација „Барајте ја иднината“ Ирма Кјелстром потврди дека светски познатата млада активистка денеска ќе се појави на суд.

Делото за кое се товари предвидува максимална казна од шест месеци затвор, но според Шарлот Отосен, обвинителка за овој случај, најмногу се изрекуваат парични казни, каков што беше и епилогот на денешното судење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ