среда, 27 ноември 2024

Грчки танкер нападнат во Црвеното Море

Танкерот Сунион под грчко знаме беше нападнат денеска додека патувал низ Црвеното Море, се сомнева дека нападот го извршиле јеменските бунтовници Хути, соопшти британската армија, пренесува агенцијата Асошиејтед прес (АП).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Напаѓачите пукале со пешадиско оружје од мали чамци, нападот се случил на околу 140 километри западно од јеменскиот пристанишен град Ходеида, кој е под контрола на бунтовниците, соопшти поморскиот оперативен центар на Обединетото Кралство.

Три ракети го погодиле танкерот, екипажот објавил дека нема жртви, се додава во соопштението.

Танкерот Сунион спаѓа во опсегот на танкери со средна големина, долг е 274 метри и широк 50 метри. Хутите не презедоа веднаш одговорност за нападот.

Последните три напади, вклучително и денешниот, беа насочени кон бродовите на грчката компанија Делта тенкерс. Хутите досега гаѓаа повеќе од 80 бродови со ракети и беспилотни летала од почетокот на војната во Газа во октомври.

Бунтовниците тврдат дека цел биле бродови поврзани со Израел, Соединетите Држави или Велика Британија за да принудат прекин на израелската војна против Хамас во Газа. Повеќето од нападнатите бродови немаат никаква врска со конфликтот на Блискиот исток.

Хутите лансираа и беспилотни летала и проектили кон Израел, а во нападот врз Тел Авив на 19 јули, едно лице загина, 10 беа ранети. Израел одговори следниот ден со воздушни напади врз градот Ходеида, погодувајќи складишта за гориво и електрани. Во тој напад, како што тврдат бунтовниците, биле убиени и ранети неколку лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ