„И јас како градоначалник ако сакам да градам на самиот автопат некој споменик не ќе можам. Морам да се обратам до ЈП за државни патишта. Значи, Законот го вели тоа. Плус тоа, таму нема урбанистички проект. Законот вели така. Треба да се урбанизира прво, да се види дали има услови… Но за самиот автопат, каде што е предвиден споменикот, за тоа директно е надлежно ЈП за државни патишта“, изјави градоначалникот Сејдиу за ТВ Сител.
Во вторникот, на одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на десетте македонски бранители министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека ќе бара дозвола од Општина Желино за изградба на достојно спомен обележје кај месноста Карпалак.
Вчера градоначалникот на скопската општина Бутел Дарко Костовски на својот фејсбук-профил ѝ се обрати на министерката: Бидејќи општина Желино тактизира за споменик за бранителите, изградете споменик во Бутел, веднаш ќе обезбедиме локација.