Според законот на Јукон, новоизбраниот функционер мора да положи заклетва во рок од 40 дена по изборот, или неговиот мандат „се смета за ништовен“. Градските избори се одржаа на 17 октомври, пред 37 дена. Новиот совет не може да носи официјални одлуки додека не се реши ова прашање, пишува Скај њуз.
Новоизбраниот градоначалник на градот, Стивен Џонсон, изјави за канадските медиуми дека неговото одбивање е знак на солидарност со домородната членка на советот. Дарвин Лин, членка на група од тамошните Хан Индијанци, изразила загриженост поради заклетвата на верност кон круната поради проблематичната историја на домородните луѓе, кои честопати биле обесправени и злоставувани.
„Не можеме да направиме ништо од тоа што законски се бара од нас според општинскиот закон. Тоа е малку непријатна ситуација. Ова се прави без да се омаловажи Неговото височество кралот Чарлс. Не го правиме ова за да кажеме дека сакаме да се отарасиме од круната. Тоа е само нешто што сакавме да го направиме заедно за да покажеме солидарност во она што го правиме овде во овој град“, рече градоначалникот Џонсон.
Советот побарал од властите во Јукон дали може да даде положи заклетва. Избраните канадски функционери мора да положат заклетва за верност на земјата во која се заколнуваат „дека ќе им бидат верни и вистински лојални на неговото височество кралот Чарлс III и неговите наследници“.
Канада е држава на Комонвелтот и поранешна британска колонија. Досон Сити, кој има околу 2.400 жители, беше центар на Златната треска што започна во 1896 година. Пред тоа, областа беше дом на народот Трондек Хвечин, кој беше раселен кога пристигнаа речиси 17.000 нови доселеници како дел од стампедото за ископување злато вредно милиони долари покрај реката.