сабота, 19 октомври 2024

Гордана Јанкуловска излезе на слобода

Поранешната министерска за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска утрово излезе на слобода. По три години и еден месец поминати во затворот Идризово, Јанкуловска со одлука на Апелацискиот суд излезе со условен отпуст, според која одлука затворот нема да ѝ се продолжи доколку до идниот октомври не направи кривично дело.

Објавено на

часот

Сподели

Апелациските судии при донесувањето на одлуката во полза на Јанкуловска предвид зеле дека таа е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, дека била примерна затвореничка која ги почитувала правата и обврските од куќниот ред на затворот, имала пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.

Јанкулоска во 2020 година беше осудена на казна затвор од четири години во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ